Acer претстави електричен велосипед со вештачка интелигенција

Објавено на 23.03.2023 во Електричен погон



Acer претстави електричен велосипед со вештачка интелигенција

Тајванската компанија Acer за прв пат претстави велосипед со електричен мотор, каде најважната улога ја игра вештачката интелигенција. Дизајнот веднаш ви паѓа во око, затоа што има алуминимуски рамки.

Батеријата е сместена под рамките, што придонесува дополнително за атрактивниот дизајн на велосипедот . Од Acer нагласуваат дека е прилично лесен за оваа категорија на возила со две тркала.

Од Acer велат дека има ефикасен електричен мотор од 250/350 W и максимална брзина до 25 километри на час. Батеријата може да издржи до 110 километри со едно полнење, во зависност од начинот на возење и потрошувачка. Се полни за само 2,5 часа и батеријата може лесно да се менува. 

Автор: Aleksandar Stankov