Одлични вести за сите Netflix корисници, нови игри на платформата

Објавено на 23.03.2023 во Игри



Одлични вести за сите Netflix корисници, нови игри на платформата

Од Netflix пред неколку години одлучиле да го прошират своето работење и на видео игрите. Веќе е најавено и ново студио за креирање на игри, што значи дека амбициите за овој пазар се сериозни. 

Досега се претставени вкупно 55 наслови, од кои делумно се направени и според популарните серии како што се Stranger Things. Најдоброто за видео игрите, допрва пристигнува. Според Лин Лумб, главната директорка во Netflix за видео игри, нивните партнерски студија низ светот развиваат дури 70 игри, додека гејмерскиот оддел во самиот Netflix моментално работи на 16 наслови. Се работи за разновидни игри, од RPG, до сложувалки, авантури и indie наслови. До крајот на 2023 година на Netflix би требало да се појават најмалку 40 игри.