Facebook ќе почне да прави пари и од WhatsApp

Објавено на 06.09.2017 во Новости



Facebook ќе почне да прави пари и од WhatsApp

Управата на Facebook веќе го креирала планот за монетизација од мобилната апликација за допишување WhatsApp која да потсетиме ја купи за неверојатни 19 милијарди долари пред неколку години. 

Мал проблем е тоа што основачите на WhatsApp сакаа мобилната апликација која ги поврзува луѓето ширум светот да остане бесплатна, па дури и да не носи никакви приходи на пример од досадни реклами или слични нападни техники на монетизација.

Сега, Facebook планира сепак да заработи но, на многу поприроден начин за самата платформа на WhatsApp, а тоа е преку поврзување на корисниците директно со компаниите преку пораки. Секако, зависи и степенот на пласирани пораки од бизнисот до базата на корисници и најважно ќе биде да не се создаде една напорна средина за работа и допишување. 

Системот за поврзување на бизнисите и сите кои ќе сакаат да платат за да стигнат до комуникација со корисниците ќе се развива со вештачка интелигенција слично како кај ботовите во Facebook Messenger.



Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}