Apple AirTag е нова тактика на полицијата за лов на криминалци

Објавено на 28.03.2023 во iOs



Apple AirTag е нова тактика на полицијата за лов на криминалци

Полицијата постојано ги менува методите за следење и прислушкување на осомничени криминалци и сите имаат различни начини. Како што напредува технологијата, така и полицијата се прилагодува кон промените, во овој случај ќе го спомнеме комерцијалниот уред на Apple - AirTag.

Уредот на Apple е наменет за корисниците да може полесно да ги најдат своите клучеви, паричникот, да ги следи своите куфери и друго. Меѓутоа, со текот на времето, AirTag почна да се користи и за кражба. Криминалците со нив ги означувале и ги следеле автомобилите што сакале да ги украдат. Компанијата на Тим Кук се обидела да го реши тој проблем со софтверска надградба на iPhone и сега ги предупредува корисниците на непознати AirTags што ги следат. 

Освен за љубоморните партнери и криминалците, AirTag е интересен и за полицијата. Американската агенција за борба против наркотици (DEA), открива дека во службен налог бил вклучен и AirTag во најмалку еден случај на следење.