Илон Маск го презема Twitter за 44 милијарди долари, колку вреди компанијата сега?

Објавено на 28.03.2023 во Новости



Илон Маск го презема Twitter за 44 милијарди долари, колку вреди компанијата сега?

Илон Маск има големи планови за Twitter. Се надева дека оваа социјална мрежа еднаш може да стане нешто поголемо и да овозможи повеќе нешта од објава на статуси и фотографии и коментирање на туѓи објави, некој вид на супер апликација. Исто така, верува дека вредноста на компанијата ќе биде многу поголема од 44 милијарди долари, колку што платил Twitter до крајот на годината.

„Гледам јасен, но тежок пат до вредност на компанијата поголема од 250 милијарди долари“, напишал Маск во мејл до вработените, како долгорочни очекувања од Twitter. Во таа изјава посебен акцент треба да стави на „тежок пат“, затоа што Twitter во овој момент е предалеку од таа вредност, затоа што сегашната вредност е на половина намалена одошто беше кога Маск ја купи социјалната мрежа.