Следното големо нешто на Apple би било големо промашување

Објавено на 29.03.2023 во iOs



Следното големо нешто на Apple би било големо промашување

За неколку месеци Apple планира да го претстави својот нов уред, со кого планира да го освои пазарот со виртуелна и проширена реалност. Развојот на нивните смарт очила, т.е. VR уред, чиј дизајн потсетува на скијачка маска, трае многу долго.

Дел од вработените во компанијата тврдат дека се уште не се задоволни од она што е досега направено. Некои од вработените зад очите на јавноста зборуваат дека наводно, овој макотрпен развој на уредот на Apple, ќе биде големо промашување.