Новите Lenovo K8 смартфони се најевтините со дуо камера

Објавено на 07.09.2017 во Новости



Новите Lenovo K8 смартфони се најевтините со дуо камера

Lenovo направи ново изненадување со тивката промоција на новите Lenovo K8 и Lenovo K8 Plus смартфони кои имаат доста ниски цени кои ќе се движат до 250 долари, а нудат голем број на адути како одлични камера и издржливи батерии.

Lenovo K8 располага со 5.2 инчен 720p HD дисплеј, работи со MediaTek Helio P20 процесорот, има 13 мегапикселна камера со PDAF, екстра батерија со капацитет од 4000mAh и Android 7.1.1 кој нема никакви непотребни додатоци и речиси како кај смартфоните на Google.

Разбирливо нешто помоќен е K8 Plus кој се издвојува со дуо камера сетапот со сензор од 13 мегапиксели и помошен сензор од 5 мегапиксели за поголема длабочина на сликите со што ќе се креираат одлични ефекти. K8 Plus има 5,2 инчен дисплеј но, со повисока 1080p HD резолуција, работи со побрзиот MediaTek Helio P25 процесор, има 4 GB RAM, 32 GB меморија, како и 4000 mAh батерија.





 
Најнови телефони
 
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
  • Moto Z
  • 3T
  • NOVA
 


{}