Наскоро пристигнува и Maybach со електричен мотор

Објавено на 30.03.2023 во Електричен погон



Наскоро пристигнува и Maybach со електричен мотор

Mercedes веќе претстави неколку модели на електрични автомобили, а наскоро доаѓа и модел на Mercedes Maybach, чиј прв електричен модел се очекува на почетокот на следниот месец. Mercedes-Maybach веќе го претстави својот прв plug-in hybrid, моделот S 580, кој што со електричен мотор може да помине дури 100km, што е двојно повеќе во споредба со Toyotu Prius.

Maybach својот прв концепт на електричен луксузен SUV го претстави пред пет години на саемот во Кина. Тој концепт беше со 750KS и максимална брзина од 150 km/h. Од Maybach велат дека нивниот прв чекор кон електрификација е премиум луксузниот модел SUV EQS 60, кој се базира на Mercedes EQS SUV, кој се очекува да биде со 536KS, и батерија со капацитет од 108,5 kWh, опсег - 450 km.