Првите тестирања на новиот Snapdragon 7+ Gen 2 процесор

Објавено на 31.03.2023 во Новости



Првите тестирања на новиот Snapdragon 7+ Gen 2 процесор

Qualcomm го претстави најновиот процесор од 7-серија - Snapdragon 7+ Gen 2, кој ќе биде вграден во многу уреди од средната класа годинава. Според тестирањата од страна на Qualcomm, двојно се зголемени фрејмовите во секунда, со рендерирање на перформансите во споредба со неговиот претходник од Gen 1, со уште повеќе моќ во споредба со моќта на Snapdragon 8 Gen 2 што е вграден во Galaxy S23 семејството.

И покрај неверојатната брзина од 2.91 GHz во Qualcomm Kryo CPU јадрата и двојно поголемата Adreno графика, Snapdragon 7+ Gen 2 нуди за 13% зголемена просечна моќ на потрошувачка, исто каква што ја имаме во 4nm методот што Snapdragon 8 Gen 2 во Galaxy S23 ја применува. Уште повеќе, Snapdragon 7+ Gen 2 Mobile Platform е чипсет што овозможува повисока класа на уреди за средната класа на смартфони. Тоа значи зголемени перформанси за гејминг, фотографија во услови со слаба осветленост, поширок динамички опсег и 4K HDR видео. 

Од аспект на процесирање,  Snapdragon 7+ Gen 2 може да понуди покомплексни AI пресметки, како и зголемена 5G брзина на download, со најновите Wi-Fi и Bluetooth стандарди. 

Автор: Aleksandar Stankov