Таткото на мобилните е шокиран колку сме опседнати со смартфони

Објавено на 01.04.2023 во Новости



Таткото на мобилните е шокиран колку сме опседнати со смартфони

Од првиот повик со мобилен телефон, до денес, помина половина век и тешко дека некој на почетокот на 70-те години да замисли како ќе изгледа еволуцијата на овој уред. Првиот мобилен во продажба се појави на почетокот на 80-те, а првиот повик преку мобилен телефон го направи американскиот инженер Мартин Купер, кој воедно го развивал и затоа го нарекуваат „татко на мобилните телефони“.

Во разговор со новинарите, овој 94-годишен човек го даде своето видување за модерните телефони, но и начинот на кој што луѓето го користат. Прилично е шокиран колку луѓето денес се опседнати со телефоните и колку време минуваат залепени за екраните. Мартин Купер вели дека се чувствува лошо кога ќе види како некој го минува патот и наместо да внимава на сообраќајот, гледа во екранот на телефонот. Таквите личности, не се свои, вели тој.