Netflix игрите пристигнуваат и на ТВ екраните

Објавено на 01.04.2023 во Новости



Netflix игрите пристигнуваат и на ТВ екраните

Познато е дека Netflix има големи планови за пазарот на видео игри. Од компанијата неодамна најавија дека со текот на следниот период планираат да претстават широко портфолио за новите игри со различни жанрови и формат, вклучувајќи го и новото продолжение на игрите “Too Hot to Handle: Love is a Game”, кое го направиле во соработка со Nanobit. 

Изгледа дека нивните планови за гејмерскиот пазар не се врзани само со мобилните екрани, туку и со големите ТВ екрани. Тоа ни го открива девелопер што го забележал тоа во кодот на мобилната апликација на видео сервисот. Не само што игрите на Netflix ќе бидат достапни и преку ТВ, туку со нив ќе може да се ракува и преку смартфони.