Ова е првата забрана, ChatGPT забранет во Италија
Објавено на 03.04.2023 во Новости
Италијанското национално тело за заштита на податоци соопшти дека веднаш ќе го блокира и ќе го истражи OpenAI, американската компанија што стои зад популарната алатка за вештачка интелигенција, со цел да не ги обработува податоците на италијанските корисници.
Налогот ќе биде привремен се додека компанијата не го почитува клучниот закон на ЕУ за приватноста, т.е. Општата уредба за заштита на податоци - GDPR. Италијанските власти објаснуваат дека на OpenAI му недостасува правна основа, со која што би се оправдало масовното собирање и меморирање на лични податоци... за тренирање на алгоритмите на ChatGPT. Тие велат и дека OpenAI неточно ги обработува податоците.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.