Xiaomi Mi Mix 2 официјално претставен со одличен дисплеј

Објавено на 11.09.2017 во Новости



Xiaomi Mi Mix 2 официјално претставен со одличен дисплеј

Xiaomi Mi Mix 2 е новиот смартфон на кинескиот стартап со кој повторно ќе се обиде да се натпреварува во премиум класата каде сега е веќе тренд дизајнот со минимална рамка околу екранот кој има сразмер од 18:9.

Новиот Xiaomi Mi Mix 2има одличен дисплеј со големина од 6 инчи и резолуција од 2160x1080 пиксели, работи со моќниот осум-јадрен Snapdragon 835 процесор, помогнат од 6 GB RAM и 64 GB основна меморија, 12 MP Sony IMX386 главна камера со оптичка стабилизација, како и 5 мегапикселна селфи камера.

Xiaomi Mi Mix 2 може да се пофали и со одлична батерија со капацитет од 3400 mAh која може брзо да се полни со Quick Charge 3.0 технологијата. Смартфонот работи со Android 7 Nougat оперативен систем и новиот MIUI 9 интерфејс. Основниот модел на Xiaomi Mi Mix 2 ќе чини околу 450 евра и наскоро ќе се најде во широка продажба.

Автор: Aleksandar Stankov


Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • iPhone 8 Plus
  • iPhone X
  • iPhone 7 Plus
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
 


{}