Samsung Galaxy Z Flip 5: Макета предвидува поголем екстерен екран

Објавено на 04.04.2023 во Преклопни уреди



Samsung Galaxy Z Flip 5: Макета предвидува поголем екстерен екран

Galaxy Z Flip 4 е одличен преклопен смартфон, поевтин модел на Samsung, кој пристигна со мал 1.9-инчен Super AMOLED дисплеј од надворешната страна и 6.7-инчен внатрешен екран, со 120Hz. Сега конкурентите се натпреваруваат кој ќе вгради поголем надворешен дисплеј.

Samsung исто така планира да го зголеми надворешниот дисплеј, само што немаме официјални информации. SamMobile секогаш објавува високо квалитетни рендери со необјавени уреди, па така сега го имаме и дизајнот со Galaxy Z Flip 5.

 

SamMobile потврдува дека ќе има нов концепт. Z Flip 5 ќе биде со 3 или 4 инчен екстерен дисплеј, додека Ice Universe од Twitter спомна дека ќе биде 3.4 инчи.