Инженер по многу маки и вложени пари вгради влез за слушалки во iPhone 7

Објавено на 11.09.2017 во Новости



Инженер по многу маки и вложени пари вгради влез за слушалки во iPhone 7

Инженерот Скот Алек помина вистинска епопеја во обидот прописно да вгради влез за слушалки во iPhone 7 кој доаѓа без 3,5 милиметарски аудио влез откако Apple реши дека не им е потребен за да заштедат простор во дизајнот на уредот, како и да го промовираат новитетот AirPods со безжични слушалки.

По четири месеци и неколку илјадници долари потрошени во фабриките во Кина, Ален, нашол решение, а својата авантура ја забележал со 33-минутно видео.

За да направи повеќе место за влез, Ален користел специјална алатка за стругање на цврстиот материјал (како алуминиумот) кој се наоѓа во телефонот.

Потоа го искористил малиот адаптер на Apple кој овозможува поврзување на стандардниот џек со лајтнинг портот во Ајфонот.

Освен адаптерот, тука е и електронската плочка која Ален сам ја дизајнирал, а која служи како некој вид внатрешен прекинувач кој овозможува слушање музика со помош на џекот или полнење на уредот по пат на Lightning портот.





 
Најнови телефони
 
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
  • Moto Z
  • 3T
  • NOVA
 


{}