Samsung Galaxy Z Flip 5 ќе биде поатрактивен во споредба со постариот брат

Објавено на 05.04.2023 во Преклопни уреди



Samsung Galaxy Z Flip 5 ќе биде поатрактивен во споредба со постариот брат

Претходно пишувавме дека екстерниот дисплеј на Galaxy Z Flip 5 ќе биде со неверојатни 3.4 инчи годинава, во споредба со ситниот 1.1-инчен надворешен дисплеј. Доколку овие рендери се вистински, новиот вертикален преклопен смартфон на Samsung ќе биде уште поголем хит за 2023 година.

Galaxy Z Fold 5 би можел да биде и за 13 грама полесен во споредба со Galaxy Z Fold 4. Исто така се шпекулира дека ќе биде со дебелина од 13.4мм, во споредба со неговиот претходник, кој што беше 14.2мм. Рос Јанг ги објави можните опции за бои на Samsung Galaxy Z Flip 5 и Galaxy Z Fold 5. Рос Јанг ретко греши кога нешто ќе објави. Според него, Galaxy Z Flip 5 ќе биде достапен во беж боја, сива, зелена и светло розева. Galaxy Z Fold 5: беж боја, црна и светло сина.