Samsung Galaxy Tab S9 Ultra ќе биде со нов процесор и S Pen

Објавено на 05.04.2023 во Новости



Samsung Galaxy Tab S9 Ultra ќе биде со нов процесор и S Pen

Samsung во втората половина ќе го лансира новото семејство на Galaxy Tab S9. Tab S9 Ultra со изгледот ќе биде сличен како неговиот претходник со димензии од 326.4 x 208.6 x 5.5мм и ќе тежи 737 грами. Батеријата ќе биде исто така иста со капацитет од 11,200mAh со брзина на полнење од 45W.

Се разбира, процесорот ќе биде специјално направениот за Samsung - „Snapdragon 8 Gen 2 for Galaxy“  и LPDDR5X меморија, што ја има во Galaxy S23 триото. Tab S9 Ultra ќе биде со 16GB RAM меморија, IP68 сертификат за водоотпорност и отпорност на прашина, што го немаше во Tab S8 серијата. 

14.6-инчениот Super AMOLED дисплеј ќе биде со резолуција од 2960 x 1848 пиксели. Tab S9 и S9+ исто така ќе бидат со Snapdragon 8 Gen 2 for Galaxy процесор и IP68 сертификат. Се очекува одTab S9, S9+, и S9 Ultra да бидат сите опремени со S Pen во кутијата.

Автор: Aleksandar Stankov