Samsung - Следната година ќе лансираме флексибилен смартфон

Објавено на 12.09.2017 во Новости



Samsung - Следната година ќе лансираме флексибилен смартфон

Ко Донг-џин директорот на мобилната дивизија на Samsung на прес конференција во Јужна Кореја даде ексклузивна изјава дека следната година ќе биде лансиран конечно флексибилниот Samung Galaxy смартфон без притоа да даде повеќе детали.

Донг-џин имаше задача пред се да говори за актуелниот Galaxy Note 8 кој и покрај огромната цена од околу 1000 долари веќе се доближува до бројката од 1 милион нарачки во сопствената земја. 

Сепак, ветувањето за флексибилен смартфон е стратешки потег за дефокусирање од денешната промоција на iPhone X и сите можни новости на Apple. 

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
  • Moto Z
  • 3T
  • NOVA
 


{}