Xiaomi ги претстави новите верзии на популарните робот правосмукалки: серија-S и серија-X

Објавено на 05.04.2023 во Новости



Xiaomi ги претстави новите верзии на популарните робот правосмукалки: серија-S и серија-X

Атина, 5 април, 2023. Xiaomi покрај новите модели на смартфони, претстави и две нови серии на популарни линии на робот правосмукалки, кои ќе го обезбедат вашиот дом или канцеларискиот простор секогаш да бидат чисти.

За сите оние што бараат правосмукалка со напреден навигационен систем, совршено прилагоден за домови и канцеларии, кои што обезбедуваат беспрекорна чистотија на подови во текот на целиот ден, Xiaomi ја креирал Robot Vacuum S серијата. Од друга страна, Xiaomi Robot Vacuum Series X е наменета за оние што имаат потреба за способен уред да одговори на исклучително тешки услови за простор. Благодарение на специјално дизајнираната автоматизирана базна станица која што го одржува уредот чист и функционален, единствената ваша обврска ќе биде притисокот врз копчето за вклучување на уредот.
 
Конкретно, моделот X10, благодарение на автоматизираната базна станица што ја исфрла фиоката за отпадок на вашата правосмукалка, ќе вшмука за 60 пати пред да треба да го испразните ѓубрето. Новиот Xiaomi уред има моќност до 4.000 Pa, ротирачка рака за отпадоци и крпа за да се обезбеди дека вашите подови ќе останат беспрекорни.


 
Новиот Xiaomi Robot X10 со својот специјален LDS навигационен систем, може да ја оптимизира својата рута на чистење и безбедно и ефикасно да го заобиколи вашиот дом, а благодарение на батеријата од 5.200 mAh ќе може да чисти и до 3 часа пред да се врати во базата. Цената за овој модел изнесува 34,999 денари.

Поинаков модел во однос на последниов е S10+, кој што претставува нова смарт робот правосмукалка со едноставна шема за управување и напреден навигационен систем. Благодарение на својот дволиниски ласерски 3D систем за избегнување на пречки, тој интелигентно избегнува се што ќе му се најде на патот, додека се грижи за остатоците и дамките на вашите подови, додека во случај да имате спуштени теписи, Xiaomi Robot S10+ има систем за детекција на тепихот, со цел да се избегне нивното навлажнување. Овој уред ќе биде достапен за цена од 31,999 денари.

Последниот модел од серијата S, Robot S10, претставува ценовно прифатливо и едноставно елегантно решение за секојдневни потреби. Со моќност од 4.000 Pa, голема батерија и напреден LDS навигационен систем, Xiaomi Robot Vacuum S10, благодарение на Mi Home апликацијата, секогаш е на располагање за употреба, со многу различни режими за чистење. Овој уред може да биде ваш за цена од 20,999 денари.

Сите три наведени модели на правосмукалки во продажба ќе се најдат од мај 2023 година, додека останатите лансирани модели, E10 и X10+ ќе бидат достапни во текот на мај и јуни и тоа по следните цени - 14,999 денари за E10 моделот и 62,999  денари за X10+ моделот.