Xiaomi се пофали со новите Redmi Buds 4 Lite слушалки

Објавено на 05.04.2023 во Новости



Xiaomi се пофали со новите Redmi Buds 4 Lite слушалки

Xiaomi во Атина денеска ги претстави новите Redmi Buds 4 Lite слушалки, кои што на корисниците ќе им понуди фантастични можности за слушање на музика, како и за разговори. Динамичкиот драјвер од 12мм овозможува неверојатен, квалитетен и јасен звук и до 20 часа траење на батеријата. 

Тоа го прави Redmi Buds 4 Lite одличен избор за сите оние што сакаат едноставен, но моќен уред. Со тоа, IP54 сертификатот за водоотпорност и Google поддршката за брзо поврзување, го прави Redmi Buds 4 Lite едноставен за користење баш за сите, додека цената на овој уред изнесува 1,999 денари, а може да го купите во мај оваа година. 

============================================================ 

Корпорацијата Xiaomi е основана во април 2010 година и воведена е на главниот список на хонгконшката берза на 9 јули, 2018 година. Xiaomi е технолошка компанија со фокус на смартфоните, уреди поврзани на Internet of Things (IoT) платформата. 

Со визијата „Спријатели се со корисниците и биди најдобрата компанија за корисниците“, Xiaomi постојано тежи кон иновации, врвно корисничко искуство кон оперативна ефикасност. Компанијата континуирано работи на производи со висок квалитет по одлични цени со цел да им овозможи подобар свет на сите и подобар живот благодарение на иновативните технологии. Xiaomi е составен дел од индексот Hang Seng, индексот China Enterprises, индексот Hang Seng TECH и Hang Seng China 50 индексот.

За повеќе информации за компанијата Xiaomi, посете го линкот https://www.mi.com/global/discover/newsroom.