Дали има интернет на месечината?

Објавено на 06.04.2023 во Новости



Дали има интернет на месечината?

Според најновите информации, Nokia има план да лансира 4G мрежа со помош на SpaceX ракета оваа година. Луѓето на Земјата работат со 4G интернет веќе 14 години, а сега ќе го има и на месечината.

Финската телекомуникациска компанија ‘Nokia’ открива дека се планира за воспоставување на 4G мрежа на месечината, на крајот на 2023 година. Интернетот е наменет со цел да овозможи нови откритија на месечината и да им помогне на астронаутите што ќе ја истражуваат месечината во иднина. Според деталите објавени на официјалната веб страница на Nokia, 4G мрежата ќе биде лансирана со помош од SpaceX, кој ќе испрати цел систем на мрежа до месечината со помош на ракета од SpaceX.

Интернет мрежата ќе се емитира со помош на ровер, кој ќе може да се движи од едно место до друго, во зависност од потребата. Роверот може да се напојува самиот себеси од соларната енергија, и така да креира 4G мрежа и за себе и за астронаутите. Целта за лансирањето на 4G мрежа е Artemis 1 проектот, благодарение на што, ова ќе биде првото искуство со 4G мрежа на месечината.