А11 процесорот за iPhone 8 „растури“ на тестовите

Објавено на 12.09.2017 во Новости



А11 процесорот за iPhone 8 „растури“ на тестовите

На само неколку часа до промоцијата на iPhone 8 се појави првиот неофицијален бенчмарк тест на неговиот нов процесор Apple A11 кој ќе има работен потенцијал од 2,4 GHz со шест-јадра.

Apple A11 ги сруши рекордите на Geekbench со 4060 поени во сингл кор делот на тестот и неверојатни 9959 поени во мулти кор резултатите. Двете главни Monsoon јадра на А11 процесорот ќе ги одржуваат најтешките операции, додека пак четирите Mistral јадра ќе се активираат за поедноставни задачи.

А11 процесорот исто така ќе биде помогнат и од Neural Engine ко-процесорот кој ќе биде задолжен само за Face ID сензорот со технологијата за препознавање на лица, отклучување и обезбедување на iPhone 8.

Автор: Ljupco Aleksovski




 
Најнови телефони
 
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
  • Moto Z
  • 3T
  • NOVA
 


{}