Тим Кук го откри „светилиштето“ на Стив Џобс

Објавено на 12.09.2017 во Новости



Тим Кук го откри „светилиштето“ на Стив Џобс

Симболично во новиот Стив Џобс театар во Купертино, Калифорнија, Apple ја стартуваше специјалната промоција на која ќе ги открие своите нови смартфони. За почеток се обрати генералниот извршен директор Тим Кук кој ги повика сите да донираат за настраданите од страшните урагани. Потоа се осврна на визијата која Стив Џобс ја постави за развојот на Apple потврдувајќи дека од истата нема отстапки.

Тоа се гледа и преку изградбата на Apple Park, новото корпоративно седиште на компанијата каде вработените ќе имаат идеални услови за работа и креативност бидејќи е фантастично замислено место со бројни содржини, сите дел од замислата на Стив Џобс. 

Следен чекор е глобална доминација за изградба на нов вид на продавници кои Apple ги нарекува „градски собранија“ бидејќи се целосно отворени и транспарентни и ќе бидат место каде нема да се врши само продажба туку и демонстрација на вредностите на компанијата основана од Стив Џобс.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Mate 10 Pro
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
 


{}