Новиот Apple Watch ќе има телефонски број како поврзаниот iPhone

Објавено на 12.09.2017 во Новости



Новиот Apple Watch ќе има телефонски број како поврзаниот iPhone

Apple се уште ја загрева сцената на „Стив Џобс“ театарот во Калифорнија и првиот продукт кој го претстави е третата генерација на паметниот часовник Apple Watch Series 3 инаку прв со вградена мобилна антена за прием и пишување на СМС пораки како и воспоставување на телефонски повици.

Apple Watch Series 3 ќе го носи истиот телефонски број како и iPhone смартфонот на корисникот со кој е поврзан што значи ќе може самостојно да го активирате, на пример додека сте на џогинг.

Голема улога ќе игра и асистентот Siri преку гласовните команди за сите операции. 
Кај Apple Watch 3 самиот дисплеј е всушност мобилната антена што е неверојатен подвиг на инженерите, па така нема да дојде до зголемување на димензиите на дизајнот. Apple Watch Series 3 ќе располага со новиот W2 процесор за најефикасно Bluetooh и GPS поврзување со огромно заштедување на енергија. 

На 19 септември ќе започне и доставата на новиот специјализиран систем Apple WatchOS 4 кој ќе биде компатибилен и со претходните генерации на смарт часовникот. Apple се пофали и дека во последниот квартал оствариле раст од 50% со што се најуспешниот бренд во премиум сегментот на часовници. 
 





 
Најнови телефони
 
  • Mate 10 Pro
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
 


{}