Официјално iPhone 8 и iPhone 8 Plus - Подобрување во сите елементи

Објавено на 12.09.2017 во Новости



Официјално iPhone 8 и iPhone 8 Plus - Подобрување во сите елементи

Apple со претставувањето на новите iPhone 8 и iPhone 8 Plus прикажа одличен степен на иновативност нудејќи смартфони кои целосно го заслужуваат епитетот „следна генерација“ бидејќи нудат подобрувања во сите елементи. 

Дизајнот е многу засилен со подобро изработени маски кои се поцврсти и ефикасни, а нудат и заштита од вода и прашина. Во внатрешноста на iPhone 8 и iPhone 8 Plus е сместен A11 Bionic процесорот со шест-јадра кој е апсолутно најмоќен од било кој друг конкурент. За 30% подобрена е и графичката карта.

Apple кај iPhone 8 и iPhone 8 Plus посвети огромно внимание за унапредување на камерите со два главни сензори од 12 мегапиксели со иновативни леќи со апаратура од f/1,8 и f/2,8, нов осветлувач на селфи потрети, можност за снимање со 1080p и 240fps забавена снимка, како и ултимативна 4K HD резолуција со врвни 60 кадри во секунда. 

Благодарение на новите сензори и самата напредна камера овозможено е употреба на Augmented Reality технологија која ќе донесе сосема нова перспектива на содржините и интерактивна употреба на камерата. Прва AR игра е The Machines која изгледа како од sci-fi филмовите и ќе се игра онлајн. 

Во новитети кај iPhone 8 и iPhone 8 Plus е вклучено и за прв пат можноста за безжично полнење на батеријата преку напреден полнач со поддршка за Qi стандардот. Смартфоните имаат стерео звучници, Bluetooth 5.0 поврзување, Touch ID, LTE Advanced и поддршка за CarPlay системот.

Цената и не е така висока како што се стравуваше, iPhone 8 со 64 GB меморија од 15 септември ќе може да се порача, а истото важи и за iPhone 8 Plus кој за основниот модел ќе наплаќа 799 долари со достава која стартува на 22 септември. 

Автор: Христијан Станоевиќ





 
Најнови телефони
 
  • iPad 9.7 (2017)
  • Gear S
  • Gear S2 3G
  • Gear S2 classic 3G
  • Galaxy Tab S2 9.7
  • Galaxy Tab S2 8.0
  • Galaxy Tab 4 10.1 (2015)
  • Galaxy Tab E 9.6
  • Galaxy Tab 3 V
  • Galaxy Tab A 9.7 & S Pen
 


{}