ASUS ROG Phone 7 пристигнува со ѕверски перформанси
Објавено на 07.04.2023 во Новости
Asus ROG Phone 6 Pro е еден од најдобрите гејминг смартфони, а можеби и најдобриот гејмерски смартфон на пазарот. Asus ќе го лансира најновиот модел ROG Phone 7 наскоро, на 13 април, се појави на TENAA листата и го доби 3C сертификатот.
ROG Phone 7 ќе биде опремен со Snapdragon 8 Gen 2 процесор, 16GB RAM меморија и 512GB внатрешна меморија. Asus Rog Phone 7 располага со 50MP главен сензор, 13MP ултра-широка камера и 8MP макро сензор. Телефонот се очекува да пристигне со 32MP селфи сензор, што е голема надградба за 12MP камерата што ја имаше кај ROG Phone 6D. Asus Rog Phone 7 ќе биде со 6.78-инчен AMOLED екран со Full HD+ резолуција и стапка на освежување од 165Hz. TENAA листингот демонстрира дека телефонот ќе биде со 5,850mAh батерија.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.