TSMC планира масовно производство со 2nm чипови до 2025
Објавено на 08.04.2023 во Новости
2023 е историска година за индустријата за полупроводници, затоа што TSMC и Samsung Foundry овозможуваат чипови со 3nm процес на производство. Колку помали се јазлите, толку помала е големината на чипот, што значи помали транзистори и поголем број на транзистори.
Колку повеќе транзистори во еден чип, толку повеќе моќ има чипот и помалку батерија троши. Apple наводно веќе со TSMC договорил производство на првата генерација на 3nm производство за 3nm A17 Bionic, кој што ќе дебитира кај iPhone 15 Pro и iPhone 15 Ultra на крајот на оваа година. Онлајн излезе уште една непотврдена вест, дека TSMC започнува со масовно производство на 2nm чипови, почнувајќи во 2025 година.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.