Google Pixel 7a: Објавени слики во Arctic Blue верзија за прв пат

Објавено на 10.04.2023 во Новости



Google Pixel 7a: Објавени слики во Arctic Blue верзија за прв пат

Следниот телефон на Google од срена класа ќе биде откриен следниот месец, за што веќе знаеме неколку детали. Ликстерот Steve H.McFly објавил високо квалитетни слики со Pixel 7a, кои беа првично објавени од MySmartPrice. Дефинитивно новиот модел Pixel 7 се базира на Pixel 6a. 

Pixel 7a го има истиот печат како Pixel 6a, со подобрена камера и исечок за задните камери. Телефонот очигледно има метална рамка и пластична изработка, додека камерата е со матиран алуминиум, наместо стакло. Се очекува од овој модел да пристигне со 128GB меморија и 6GB RAM или 8GB RAM меморија.