Промо фејлот на Face ID не е грешка на iPhone X

Објавено на 14.09.2017 во Новости



Промо фејлот на Face ID не е грешка на iPhone X

При промоцијата на новиот iPhone X, еден од директорите на Apple, Крег Федериги ја имаше честа да го претстави главниот новитет Face ID при што смартфонот се отклучува само со скенирање на лицето. Сепак, демонстрацијата не беше најуспешна бидејќи првиот модел на iPhone X не успеа да го препознае лицето на Крег, а потоа му го побара неговиот паскод.

Сепак, се дознава дека не станува збор за „фејл“ бидејќи технологијата работи без никакви проблеми. Моделот на iPhone X кој Крег го користеше за демонстрација всушност бил поделен и меѓу публиката кои најверојатно се обиделе да го отклучат при што ги скенирал и нивните лица.

Тоа довелo смартфонот навремено да се блокира за да нема злоупотреби и кога Крег почнал со скенирањето за да биде системот сигурен го побарал неговиот паскод. 





 
Најнови телефони
 
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
  • Moto Z
  • 3T
  • NOVA
 


{}