Не полнете го мобилниот уред каде и да стигнете, ФБИ има важно предупредување
Објавено на 11.04.2023 во Новости
ФБИ минатата недела издаде предупредување за американските граѓани, поврзано со бесплатните јавни станици за полнење на смарт уредите. Објавуваат дека хакерите успеале да преземат контрола над низа јавни места за полнење на уреди, поради што може да ги заразат дотичните уреди со злонамерен софтвер или да остварат пристап кон податоците што се наоѓаат на уредот што се полни.
Во објава на Twitter се наведува дека би било добро да се избегнуваат користење на места за полнење на аеродроми, хотели или трговски центри. Носете го својот полнач и USB кабел и користете електричен штекер, напишале од канцеларијата на ФБИ во Денвер.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.