Xiaomi 13 Ultra пристигнува за една недела со моќни перформанси

Објавено на 12.04.2023 во Новости



Xiaomi 13 Ultra пристигнува за една недела со моќни перформанси

Xiaomi 13 Ultra се очекува да пристигне на 18 април и се повеќе се објавуваат спецификациите што ќе ги има, додека глобално ќе биде лансиран подоцна од таа дата. Најновите очекувања за ценовно прифатливиот модел ќе биде со 8GB RAM + 256GB внатрешна меморија.

12GB RAM меморија со 256GB или 512GB може да се најде кај помоќните верзии или дури и 16GB RAM со 1TB внатрешна меморија. Xiaomi 13 Ultra би можел да чини околу $1,165,со главен сензор од 50MP Sony IMX989 со 1-инчен сензор, заедно со ултраширок сензор од 50MP, 3X телефото сензор и перископски камери, под хауба ќе има Snapdragon 8 Gen 2 процесор, 4900mAh батерија со 90W брзина на полнење.