Samsung телефоните и таблетите ќе продолжат со заштита од McAfee

Објавено на 13.04.2023 во Android



Samsung телефоните и таблетите ќе продолжат со заштита од McAfee

Безбедноста и заштитата се клучни фактори за секоја компанија, за кои мора дополнително да се плати. McAfee е едно од најдобрите имиња во областа на безбедноста и после девет години партнерство со Samsung, компанијата најавила екстензија на тоа партнерство, што веројатно ќе биде продолжено и после 10 години.

„Кога се купува најновиот производ на Samsung, последното нешто за кое што корисниците сакаат да размислуваат е безбедноста. Корисниците треба да уживаат во интернетот и она што тој го нуди, од банкинг до прелистување на социјалните мрежи и бенефитите од заштитата против потенцијалниот онлајн ризик. Нашето децениско партнерство со Samsung се продолжува со онлајн заштита за корисниците на Samsung и ја подобрува нашата мисија за зајакнување на корисниците да си ги живеат своите животи онлајн со доверба“.

Samsung Galaxy S23 серијата, Galaxy Book3 серијата, доаѓаат со прединсталирана антивирусна заштита, обезбедена од McAfee. McAfee ќе ги обезбеди и Samsung таблетите и компјутерите исто така. Се уште не е познато кои модели на смартфони ќе ги покрие McAfee.

Автор: Aleksandar Stankov