Google Bard доби нови подобрувања, има и веб страница

Објавено на 13.04.2023 во Новости



Google Bard доби нови подобрувања, има и веб страница

Откако ChatGPT го воодушеви светот, Google побрза и го претстави подоцна својот четбот Bard, кој исто така применува вештачка интелигенција. Од самиот почеток Bard има одредени проблеми, најчесто со неточни податоци.

Затоа во Google одлучиле да отворат специјална страница, на која што ќе објавуваат „експериментални ажурирања“. Така на страницата ќе може да ги видите двете ажурирања што се веќе имплементирани во Bard, подобрени математички вештини и проширени резултати со помош на копчето "Google it". Со новите подобрувања, отстранети се и грешките.