iPhone SE 4 би можел да пристигне во 2025 со Apple 5G модем

Објавено на 13.04.2023 во iOs



iPhone SE 4 би можел да пристигне во 2025 со Apple 5G модем

Ценовно прифатливиот смартфон на Apple iPhone SE 3 (2022) е еден од најдобрите буџетски смартфони досега. Но, време е за нов модел, за кого се очекува да пристигне во 2025 година.

iPhone SE 4 би можело да се нарекува следниот евтин смартфон на Apple, кој се очекува да се лансира со модифициран 5G модем во 2025 година. Според други извори пак, iPhone SE 4 би можел да дебитира во 2024 година. Се уште немаме никакви детали, но се очекува да пристигне со OLED панел.