Сакал да го продаде велосипедот на интернет, СМС порака му „направила“ чистка на сметката

Објавено на 16.04.2023 во Новости



Сакал да го продаде велосипедот на интернет, СМС порака му „направила“ чистка на сметката

Новата жртва на кражба на идентите и интернет измама е 36-годишниот човек од Карлови Вари. При обид за да го продаде својот велосипед на интернет, на лажниот купувач му ги дал личните податоци од сметката во банка, па така го оштетил.

Оштетениот ја известил полицијата за настанот. Измамникот му пуштил СМС порака, на која што му било возвратено со лични податоци од сметката, по што сторителот направил неколку трансакции и ги префрлил парите на друга сметка. Полицијата се уште го истражува случајот.