Google Pixel 8 и Pixel 8 Pro: Позната е големината на дисплејот

Објавено на 16.04.2023 во Новости



Google Pixel 8 и Pixel 8 Pro: Позната е големината на дисплејот

Се уште е рано да се зборува за новите телефони на Google, затоа што немаме официјални информации. Се разбира, аналитичарите не мируваат и постојано објавуваат нови информации од тајни извори, кои што најчесто се покажуваат како вистинити на дело. 

Последната информација е објавена од Рос Јанг, кој ја открива големината на дисплејот на Pixel 8 и неговиот поголем брат Pixel 8 Pro. Поскапиот модел на Google наводно ќе биде со стандарден 6.7 инчен панел, додека помалиот телефон ќе биде со 6.16 инчен екран. Инаку, претходниот предводник Pixel 7 беше со 6.32 инчен екран. Pixel 8 и Pixel 8 Pro наводно ќе дебитираат на крајот на 2023 година, додека на Google I/O настанот би можеле да добиеме некој официјален тизер.