Xiaomi има договор за производство на свој електричен автомобил

Објавено на 18.04.2023 во Електричен погон



Xiaomi има договор за производство на свој електричен автомобил

Германскиот производител на оружје, Rheinmetall, објави дека ќе произведува делови за електрични автомобили од кинески Xiaomi, кој одлучи да ја прошири работата надвор од сегментот за мобилни телефони. Кинеската компанија се свртува кон брзо растечкиот пазар на електрични возила.

Xiaomi ќе дебитира со моделот Xiaomi MS11, пишува Rheinmetall во соопштението. Производството на автомобилите би требало да започне следната година. Вредноста на нарачката изнесува околу 50 милиони евра, а според договорот, Rheinmetall е должен да испорача 600 илјади комплети на триаголни држачи за суспензија со монтажни плочи на Xiaomi. Rheinmetal е познат по производство на оружје, делови за возила, сензори и електронски системи.

Автор: Aleksandar Stankov