Дали Google Lens ќе биде главниот адут на Pixel 2?

Објавено на 18.09.2017 во Новости



Дали Google Lens ќе биде главниот адут на Pixel 2?

Google по грешка пушти нова верзија на Lens апликацијата која сега дојде интегрирана во Photos мобилната апликација, но потоа го изгаси серверот и ја повлече надградбата набрзина. Тоа ги наведе корисниците да поверуваат дека токму новата верзија на Google Lens ќе биде главен адут на следниот премиум смартфон Pixel 2 кој доаѓа на 4 октомври.

Google Lens е одлична апликација за препознавање на предмети и надворешната околина со директно пронаоѓање на резултати за пребарување од интернет и поврзување со различни услуги, пример ако скенирате постер може да ви најде карти за кино проекција на филмот. 

Секако, со напредната камера која се очекува да се најде кај Google Pixel 2 новата Lens апликација би имала значително напреднати функции како и поврзување со пренесената реалност. Повеќе детали очекуваме наскоро.



Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
  • 130 (2017)
 


{}