Asus ги претстави новите телефони наменети за гејмери

Објавено на 18.04.2023 во Игри



Asus ги претстави новите телефони наменети за гејмери

Од Lenovo неодамна објавија дека ќе го згаснат својот оддел за гејмерски телефони Legion, но во Asus продолжуваат со развој на смартфони за гејмерите. Компанијата ги новите ROG (Republic of Gamers) телефони: ROG Phone 7 и ROG Phone 7 Ultimate, кои содржат големи фреквенции за полесно гејмање.

Двата модела се со AMOLED дисплеи со дијагонала од 6,78 инчи и резолуција од 1080x2448 пиксели, фреквенција на освежување од 165Hz. Во споредба со претходната генерација на овие уреди подобрено е осветлувањето и максималното осветлување на овие телефони е до 1500 нити. Под хауба го имаат најмоќниот Snapdragon 8 Gen 2 процесор, 16GB RAM + 512GB ROM меморија. Капацитетот на батеријата изнесува 6000 mAh и поддржува 65W полнење.

Задната камера е со три сензори од 50MP, ултра-широк сензор од 13MP и 5MP макро-сензор. Од предната страна има 32MP камера. Софтверот ќе биде Android 13, за кого од Asus тврдат дека ќе има 4 години безбедносни надградби и само 2 години надградба на оперативниот систем.