Xiaomi Pad 6 нуди подобрувања во сите сегменти без зголемување на цената

Објавено на 19.04.2023 во Новости



Xiaomi Pad 6 нуди подобрувања во сите сегменти без зголемување на цената

Xiaomi најави повеќе уреди на сцената: Xiaomi 13 Ultra и Xiaomi Smart Band 8, од кои и двата се одлични уреди. Xiaomi Pad 6 е презентиран исто така, кој носи големи подобрувања во споредба со претходната генерација. Xiaomi Pad 6 и Xiaomi Pad 6 Pro пристигнуваат со нов елегантен дизајн, во црна, сина и шампањ боја.

Pro моделот доаѓа со Snapdragon 8+ Gen 1 процесор, што е прв пат во серијата на таблетите. Ова го прави Xiaomi Pad 6 Pro побрз и енергетски ефикасен. Регуларниот модел е со Snapdragon 870 процесор, , батеријата е со капацитет од 8600mAh, која може да трае до 10 часа играње на игри, 13 часа гледање видеа и 10 часа работа со пишување и документи. Xiaomi овој пат вградил „режим на длабока хибернација“. 

„Режим на длабока хибернација“ значи дека таблетот треба да научи кога автоматски да се активира и кога да го исклучи при употреба.  Xiaomi Pad 6 ќе биде со 20MP селфи камера, NFC поддршка и 2 генерација на пенкалце за допир, со 40% намалена латентност и 150 часа трајност на батеријата. Xiaomi 6 започнува со цена од $290 за 6/128GB RAM, додека Xiaomi 6 Pro ќе биде со почетна цена од $363 со 8/128GB.