Дури ни шефот на Google не знае како работи вештачката интелигенција!?

Објавено на 20.04.2023 во Новости



Дури ни шефот на Google не знае како работи вештачката интелигенција!?

Првиот човек на Alphabet и Google, даде интервју за CBS, во кое што главен акцент се става на вештачката интелигенција. Напредокот на оваа технологија во последно време е неверојатен, но со бројни позитивни нешта, би можела многу да придонесе. 

Аналитичарите се најмногу загрижени за негативните последици од AI, што првенствено се однесува на бројни откази што може да се очекуваат, додека некои размислуваат и за многу полоши сценарија. Новинарот Скот Пелеј останал вознемирен после интервјуто со Сундар Пичаи, затоа што го пробал и Google AI четботот - Bard, за кого вели има исти одговори како и човекот. Сундар Пичаи одговорил дека и тој понекогаш не го разбира начинот на кој што вештачката интелигенција функционира.