Facebook поради пропуст ќе плати 750 милиони долари на корисниците

Објавено на 20.04.2023 во Новости



Facebook поради пропуст ќе плати 750 милиони долари на корисниците

Пет години поминаа од скандалот со Cambridge Analytica и Facebook. Сега компанијата на Марк Цукерберг се соочува со големи последици од овој огромен пропуст. Откако била пуштена колективна тужба против Meta, затоа што не ги заштитила личните податоци на своите корисници, Meta успеала да постигне спогодба што ќе чини дури 725 милиони долари.

Парите треба да бидат исплатени на корисниците на Facebook, кои што ќе може да ги најдете на овој линк, на кој што може да се пријавите за поврат на парите. Веднаш треба да се нагласи дека тужбата не се однесува на македонските корисници, туку само на оние што живееле во САД во периодот од мај 2007 до 22 декември, 2022 година и тогаш го користеле Facebook.