Huawei ќе ја лансира новата Mate 60 серија после јуни

Објавено на 20.04.2023 во Новости



Huawei ќе ја лансира новата Mate 60 серија после јуни

Huawei наводно ќе ја лансира новата Mate серија на смартфони, во третото тримесечје годинава. Huawei веќе ја објави P60 серијата, а сега доаѓа на ред Mate 60 серијата. Huawei Mate 60 се очекува да пристигне со модифицирана верзија на Snapdragon 8 Gen 2 процесор, но без 5G сигнал. 

Huawei ќе вгради бленда со 10 позиции помеѓу f/1.4 и f/4. Auto сетинзите ќе бидат овозможени дозволувајќи му на телефонот сам да одлучува колку отворена бленда му е потребна. Втората генерација на оваа опција е планирана за новата Mate 60 серија, со HarmonyOS 3.1 прединсталиран.