Google Pixel Tablet: Цена и перформанси

Објавено на 20.04.2023 во Новости



Google Pixel Tablet: Цена и перформанси

Google следниот месец ќе го открие новиот Pixel Tablet и Pixel Fold смартфон. Роланд Квант објави информации за новиот Pixel Tablet, кој што се очекува со 128GB или 256GB внатрешна меморија. 

Тој тврди дека цената на новиот таблет ќе биде од 600 до 650 евра на глобално ниво, додека се очекува во САД да биде поевтин, затоа што Google е американска компанија. Се разбира, компонентите на уредот се поевтини кога се склопуваат во или за истата држава. Затоа Pixel 7 во САД е €546.51, а во Европа е €649. Pixel Tablet пристигнува во 4 бои: сива, зелена, бела и беж боја, под хауба ќе има Tensor G2 процесор, 8GB RAM, 10.95 инчен екран и поддршка за стилус. 

Автор: Aleksandar Stankov