Маск нема милост ниту за Папата Франциск, почна отстранувањето на сините значки

Објавено на 21.04.2023 во Новости



Маск нема милост ниту за Папата Франциск, почна отстранувањето на сините значки

Славните личности што не плаќаат за верификација на профилот, ќе немаат сина значка на својот профил. Кошаркарот ЛеБрон Џејмс и писателот Стивен Кинг се уште имаат сини значки, и покрај тоа што тврдеа дека нема да му плаќаат на Twitter за новата услуга. 

„Мојот профил на Twitter вели дека се претплатив на Twitter Blue. Не сум. Мојот профил на Twitter вели дека сум го дал својот телефонски број. Не сум го дал“, пишува Стивен Кинг.Без сината значка останаа Селена Гомез и нејзините 67 милиони следбеници и виртуозот Стеф Кари со 17,3 милиони следбеници.