Hyundai започнува со освојување на Месечината

Објавено на 22.04.2023 во Вселена



Hyundai започнува со освојување на Месечината

Оваа деценија очекуваме големи чекори во вселенската индустрија. Првите туристички летови во вселената веќе започнаа, Маск и НАСА тестираат големи ракети и летала, додека траат подготовките за враќање на Месечината, а се почесто се зборува и за освојувањето на Марс

Развојот на вселенската технологија станува се поинтересен и за други приватни компании. Hyundai исто така сака да даде свој придонес. Hyundai Motor Group планира да дизајнира автономен ровер, кој во 2027 година би можел да се вози на површината на Месечината. Hyundai ќе го употреби знаењето од автомобилската индустрија, а ќе соработува и со партнери од јужнокорејската вселенска индустрија, со кои што се здружиле во заедничката организација, која што ќе го надгледува проектот.