Анонимна личност тврди дека новите Apple Glasses имаат одлични перформанси
Објавено на 23.04.2023 во iOs
Популарниот Иван Блес на Twitter објави дека новите Apple Glasses ќе бидат со врвно искуство. Тоа го тврди затоа што разговарал со анонимна личност, која што повеќе пати го тестирала новиот Apple AR/VR уред. Почетните верзии на очилата не биле воопшто добри, но со текот на времето, се подобриле.
Анонимната личност му рекла на Блес дека е воодушевена од искуството со хардверот и перформансите. Со текот на годините, напредокот бил очигледен: „Бев скептичен, сега сум воодушевен“. Наскоро би требало да биде откриено зошто толку треба да бидеме воодушевени од Apple VR очилата, а можеби тоа позитивно VR искуство ќе биде двигател на цел пазар. После оваа изјава на Иван Блес се очекува интересот за новиот уред на Apple да се зголеми.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.