WhatsApp најави нова опција за задржување на пораките што исчезнуваат

Објавено на 24.04.2023 во Новости



WhatsApp најави нова опција за задржување на пораките што исчезнуваат

WhatsApp оваа недела претстави нова опција што ќе овозможи задржување на пораките што исчезнуваат. Во случај на размена на таквите пораки, корисниците сега ќе може да задржат доколку некоја од нив има важна информација. Тоа се прави со барање до самиот испраќач, за да остане пораката во WhatsApp. 

Доколку испраќачот не се согласи со тоа, тогаш пораката ќе исчезне од апликацијата кога ќе дојде времето за тоа. Доколку испраќачот одговори потврдно со палецот нагоре на барањето, тогаш пораката нема да се избрише.