Samsung доминантен снабдувач за телефони за глобалниот пазар во Q1

Објавено на 25.04.2023 во Новости



Samsung доминантен снабдувач за телефони за глобалниот пазар во Q1

Според анализите на Canalys, Samsung го врати своето прво место на глобалната сцена како врвен продавач на смартфони за време на првото тримесечје оваа година. Благодарение на лансирањето на Galaxy S23 серијата, особено на Galaxy S23 Ultra, Samsung го надмина Apple со 1% поен со учество од 22% во глобалниот пазар.

Apple беше на врвот во четвртото тримесечје на 2022 година, беше веднаш до Samsung, кој сега ја држи доминантната палка. После Samsung и Apple, Xiaomi е на трето место со 11% учество во снабдувањето со смартфони на глобалниот пазар. Oppo е четвртиот играч со 10% и BBK Electronics - Vivo со 8%. 

Автор: Aleksandar Stankov