Првиот човек на Google доби компензација од 220 милиони долари за 2022

Објавено на 25.04.2023 во Новости



Првиот човек на Google доби компензација од 220 милиони долари за 2022

Имаше плодни години за технолошките компании, но дојде и моментот кога мораше да се делат откази со цел да се остане рентабилен во работата. На почетокот на 2023, најавени се 12 илјади откази во Alphabet, Google.

Кај вработените има загриженост поради новите потенцијални откази и незадоволство поради укинувањето на одредени овластувања. Но, шефот на Alphabet, Сундар Пичаи, најверојатно е задоволен со компензациите што ги заработил минатата година. Вкупните приходи за 2022 година ги објави Alphabet, додека вкупните приходи на Пичаи изнесувале дури 226 милиони долари.

Тоа е многу повеќе во споредба со минатите две години, кога заработи 7,4 милиони во 2020 или 6 милиони долари во 2021. Неговите минатогодишни приходи се за 800 пати поголеми во споредба со просечната плата во Alphabet.